Натпреварите ќе се играат пред полни трибини, КФСМ ги повлече сите Ковид-мерки и за тимовите

145

Со најновата одлука на Владата на Р.М се укинуваат речиси сите мерки кои се поврзани со коронавирус. По препорака на комисијата за заразни болести од вчера престанаа да важат сите рестрективни мерки кои беа наложени.

Ова значи дека натпреварите ќе се играат пред полни трибини, повеќе нема ограничување на капацитетот, а согласност со ова раководството на кошаркарска федерација на Македонија донесе дполните одлуки.

1. Престанува да важи обврската со која сите службени лица на натпреварите, имаат обврска да приложат сертификат за извршена вакцинација, или сертификат, односно медицинска потврда за негативен ПЦР тест,

2. КФСМ ги повлекува од употреба Ковид-19 обрасците од 1 до 4,

3. Нема Ковид-19 ограничувања во бројот на гледачите кои би биле присутни на спортските натпревари.

ПретходноЃорѓевиќ добива „шут – карта“, Итудис го презема Фенербахче!?
СледноИ “лавовите“ со шпалир за шампионот! (ВИДЕО)