Неверојатниот Карлито: Анчелоти со рекордно петто финале во ЛШ

336

Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти го собори рекордот на Марчело Липи по бројот на учества во финалните мечеви на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид под водство на 62-годишниот Италијанец денеска го елиминираше Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите и се пласира во големото финале на 28 мај во Париз.

За Анчелоти тоа ќе биде петто финале. Тој претходно стигна до завршниот меч во 2003, 2005, 2007 година со Милан и во 2014 година со Реал Мадрид.

Карло беше поразен само во едно финале, она во 2005 година од Ливерпул на пенали.

ПретходноЛШ: Бензема го запечати лудиот пресврт во Мадрид, Реал патува во финалето во Париз (ВИДЕО)
СледноИбрахимовиќ: Крајот е блиску, но…..