Олимпијакос последен учесник на Ф4 турнирот од Евролигата

141

Кошаркарите на Олимпијакос се последниот учесник на Ф4 турнирот во Евролигата, кој од 19 до 21 мај ќе се одржи во Белград.

Тимот од Пиреја славеше со 94:88 во „мајсторката“ од четвртфиналната серија против Монако и со тоа го „чекираше“ последниот билет за учество на завршниот турнир. Таму во полуфиналето ќе играат против Анадолу Ефес, додека другата двојка ќе ја сочинуваат Реал Мадрид и Барселона.

Најефикасен на натпреварот беше гостинскиот кошаркар Мајк Џејмс со 24 поени, 10 асистенции и четири скока, но тоа не му значеше многу. Во победничкиот табор Шон Мекисик имаше 18 поени, Томас Вокап 17, а Тајлер Дорси 16.

ПретходноДимитријевиќ со 6 поени, Валенсија поразена во полуфиналето на Еврокупот
СледноЛШ: Реал е мачка со 9 животи, Родриго со два гола во две минути обезбеди продолженија (ВИДЕО)