ПМФЛ: Дерби за Европа во Струмица, шампионот на Чаир ќе ја испита силата на “лавовите“…

187

 

За денеска од 17 часот закажани се сите шест натпревари од 31.коло во ПМФЛ. Откако и официјално Шкупи е новиот шампион на Македонија, сега сето внимание се насочува кон тоа кои две екипи ќе изборат пласман во квалификациите за Лигата на Конференции.

Две од трите екипи кои имаат такви амбиции, па и шанси, денеска во Струмица ќе ги одмерат силите. Тоа се А. Пандев и Шкендија, две екстра квалитетни екипи кои секако дека ќе имаат што да понудат. Тетовци во пресрет на денешниот меч имаат еден бод предност, и затоа “пандевци“ ќе мора да одат на победа. Имаат они квалитет да ја победат Шкендија.

May be an image of 1 person and text

Во пресрет на денешниот меч, свој коментар има дефанзивецот на тетовци Клисман Цаке…

“Ние како Шкендија сме подготвени да ги прескокнеме сите пречки кои се пред нас во последните три кола. На овој меч во Струмица сакаме три бода, играме со силен тим, но ние ќе си ја играме нашата игра.Верувам дека можеме да дојдеме до победата“ посочи Цаке.

На Чаир скопска пресметка, големо дерби на главниот град. Шкупи, новиот шампион, по оној “излет“ во Штип, ќе мора да покаже зошто е шампион, а против себе ќе има силен тим, гостува Македонија ЃП која грчевито се бори за излез во Европа.

Се очекува голема борба, екстра квалитетен и интересен дуел. Секако, шампионот е на потег, но никој не смее да ги потцени “лавовите“, никако.

На останатите мечеви Работнички го дочекува Борец, Тиквеш игра дома со Ренова, Струга Трим Лум се среќава со Брегалница и во последниот меч во ова 31.коло Скопје на свој терен игра со Пелистер.

ДВОЈКИ ЗА 31.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

ТИКВЕШ – РЕНОВА

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

А.ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

ПретходноГласајте за „дијамнатот“: Елмас номиниран за фудбалер на месецот во Наполи
СледноЅвездата на Селта доби четиригодишна затворска казна за сексуален напад