Полувреме: „Пандевци“ водат против Шкендија, отворен меч на Чаир, голеада на Автокоманда

197

Завршија првите полувремиња од шесте попладневни мечеви од 31.коло во ПМФЛ. Во Струмица фантастична игра на А. Пандев и водство од 2:1 против Шкендија. Резултатот го отвори Бихорац, а Илиев од пенал зголеми на 2:0. Тетовци намалија со голот на Кривак во последните секунди од првиот дел.

На второто дерби во ова коло, на Чаир, Шкупи и Македонија ЃП во првиот дел одиграа отворено, со многу шанси на двете страни. Но сепак мрежите мируваа.

Вистинска голеада на Автокоманда. Пелистер поведе со 0:1, за да потоа Скопје направи пресврт и со головите на Хајдари, Десниќ и Јанакиевски на пауза се замина на пауза со резултат од 3:1 за „пиратите“.

Ренова како гостин со прекрасниот гол на Селмани води среде Кавадарци против Тиквеш со 0:1.

Работнички со 1:0 води против Борец, стрелец на голот беше Марио Станковски од пенал.

Освен на Чаир, нема голови само уште во Струга каде играат Струга ТЛ и Брегалница.

ПретходноБУУУМ: Иво Јанакиевски со гол за паметење (видео)
СледноРекорд: Дрес на Марадона продаден за 8,4 милиони евра