Работнички и официјално го “спакува“ Борец во втора лига, дефинитивно Тиквеш и Скопје во бараж…

2179

По ова денешно 31.коло во ПМФЛ уште две дилеми се расчистени. Имено Борец и официјално е второлигаш, откако Работнички успеа да ги победи велешани со 2:1, и тоа со гол на Марјан Ристовски во 90+6.минута. Инаку Ристовски е некогашен фудбалер на Борец.

Па така покрај Пелистер, сега и Борец и официјално испадна од елитата.

Од друга страна со оваа победа тимот од Градски парк и дефинитивно успеа да избега од пласман во евентуалниот бараж за опстанок. На две кола до крајот тимот на стратегот Стојан Игњатов има 8 бодови предност пред Скопје.

Втората дилема која веќе не е тоа, е дека токму Скопје и Тиквеш и дефинитивно ќе играат баражи за опстанок во ПМФЛ. За ривали би ги имале евентуално екипите на Воска, Вардар, Победа, Слога (В) или Беласица.

ПретходноПМФЛ: „Лавовите“ од пенал во 97.минута се спасија на Чаир, моќните“пандевци“ ја „згазија“ Шкендија… (ВИДЕО)
СледноНадал преку Кецмановиќ до 1/8 финалето во Мадрид