Рекорд: Дрес на Марадона продаден за 8,4 милиони евра

163

Дресот кој Диего Марадона го носеше кога ги постигна двата најпознати голови на сите времиња – „божјата рака“ и „голот на векот“ за Аргентина против Англија на Светското првенство 1986. година е продаден за рекордни 8,4 милиони евра.

Тоа е најголемата цена која е платена за спортски реквизит.

Инаку овој дрес на аукција го постави поранешниот англиски играч за врска Стив Хоџ 36 години откако го размени со Марадона по славното четвртфинале во Мексико.

До пред дресот на Марадона најскапо платен спортски предмет на сите времиња беше Олимпискиот манифест на Пјер де Кубертен од 1892 година кој пред три години беше продаден за осум милиони евра.

ПретходноПолувреме: „Пандевци“ водат против Шкендија, отворен меч на Чаир, голеада на Автокоманда
СледноБалкани на Неџипи и Положани стана шампион на Косово