Салах: Морам да бидам искрен, го сакам Реал во финалето!

144

Ливерпул е првиот патник во финалето на Лигата на шампиони, вечерва го чека својот противник во битката за еден од четирите трофеи кои оваа сезона може да ги освои. Покрај најсилното европско клупско натпреварување, премиер-лигашот може да го подигне пехарот во домашната лига, ФА Купот, а додека Лига Купот веќе го освои.

По неверојатниот пресврт против Виљареал, Мохамед Салах откри со кого сака да игра во финалето на ЛШ.

„Сакам да игра против Реал Мадрид. Ако морам да бидам искрен. Ако се прашувам јас, дефинитивно Реал“, искоментира фудбалерот на Ливерпул.

Јасно е дека Салах сака да го избегне Сити, бидејќи тоа е тимот со кого се борат за титулата во Премиер-лигата, додека во битката за ФА Купот, неговиот тим ќе игра против Челзи.

ПретходноИгњатов: Не се сомневам дека Работнички со Борец ќе биде вистинскиот!
СледноГласајте за „дијамнатот“: Елмас номиниран за фудбалер на месецот во Наполи