Феникс и Еуро Никел како вовед на новото „пеколно“ коло

109

Дуелот меѓу Феникс и Еуро Никел (20:30 часот) ќе го најави петото коло во Супер-лигата. И двата тима зад себе имаат порази, дебитантот против ТФТ, додека кавадарчани во Битола.

Избраниците на Горан Самарџиев по лошото издание против Пелистер мораат да дојдат до целиот плен во Скопје доколку сакаат да ја сочуваат третата позиција на табелата. Имаат 42 бода, еден повеќе од ТФТ и два од Гостивар. Па со триумф против дебитантот ќе се зацвратат на позицијата број три.

На другата страна пак кошаркарите на Феникс се во серија од два порази, посакуваат на домашен терен да се вратат на победите. До сега се покажале како незгоден противник, сигурно ќе се обидат и вечерва да украдат бодови.

Традицијата е на страна на кавадрчани, ги добија двете средби оваа сезона.

Останатите два меча од петото коло се играат утре, Гостивар е домаќин на ТФТ, додека во Скопје ќе се игра дербито меѓу МЗТ и Пелистер.

ПретходноСтрашно: Пукал во судијата зошто не бил задоволен од судењето! (ВИДЕО)
СледноАлушовски останува на Исланд уште три години!