Шкупи побара дозвола за навивачи во Тетово

1950

До крајот на оваа сезона во ПМФЛ остануваат уште три кола. Името на шампионот веќе е решено, пехарот ќе им припадне на фудбалерите на Шкупи.

По денешниот дуел против Македонија Ѓ.П, тимот од Чаир ќе гостува кај Шкендија. На оваа средба од таборот на новиот првак сакаат да имаат поддршка од трибините. Тие веќе испратиле барање до ФФМ и до Шкендија да им се дозволи на нивните навивачи да бидат на трибините за оваа пресметка.

Во интерес на фудбалот доаѓа и последната одлука на Владата, да се укинат сите Ковид-мерки (со неколку исклучоци). Ова значи дека на стадионите ќе биде дозволен максимален капацитет, па Шкупи е подготвен да донесе свои фанови и во поголема бројка, секако доколку добие позитивен одговор од двете страни.

ПретходноЅвездата на Селта доби четиригодишна затворска казна за сексуален напад
СледноДавор Талески – Струга ТЛ: Кога играме дома тогаш ние се прашуваме!