Ѕвездата на Селта доби четиригодишна затворска казна за сексуален напад

272

Санти Мина во 2017 година беше обивнет за сексуален напад во Алмерија, откако заедно со неговиот пријател Давид Голдар имале односи со девојка. Жртвата на овој немил настан сведочеше против двајцата, а според извештаите до сексуалниот напад дошло во комбе, девојката со Давид имала доброволен однос, додека фудбалерот на Селта ја нападнал.

Обвинителството побара казна од десет години затвор, со забрана за приод на 500 метри во период од десет години. Но, судот на Санти Мина му додели четиригодишна затворска казна, во следните 12 години има збрана за приод до девојката на која ќе треба да и исплати и сума од 50.000 евра.

Овој фудбалер потекнува од Селта, во 2015 година се пресели во Валенсија, по што одново се врати во Виго.

Давид Голдар, беше ослободен од обвиненијата.

ПретходноПМФЛ: Дерби за Европа во Струмица, шампионот на Чаир ќе ја испита силата на “лавовите“…
СледноШкупи побара дозвола за навивачи во Тетово