ЛШ: Бензема го запечати лудиот пресврт во Мадрид, Реал патува во финалето во Париз (ВИДЕО)

469

Со голот на Карим Бензема во 95. минута, Реал (М) го пополни неверојатниот пресврт на „Сантијаго Бернабеу“ и дојде до уште едно финале во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите.

Откако во завршницата на регуларниот дел Родриго приреди лудило со двата гола во 90. и 91. минута и им обезбеди на „кралевите“ дополнителни 30 минути за финале, Карим Бензема, со гол од пенал по само пет минути во екстра-времето успеа да ги однесе мадриѓани до реприза на финалето од 2018 година.

На 28 мај на „Сент Дени“ во Париз, ќе гледаме уште една европска фудбалска „класика“ меѓу великаните на светскиот фудбал, Реал (М) и Ливерпул.

ПретходноГинтер по осум години се врати во Фрајбург
СледноНеверојатниот Карлито: Анчелоти со рекордно петто финале во ЛШ