Секунди го делеа шампионот од триумф, Ѓорче слави голем бод… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

263

Така е тоа кога еден непромислен старт и тоа во 98 минута ти урне се што си градел во текот на целиот меч. Шкупи – Македонија ЃП, скопското дерби, заврши со 1:1. Гостите од Ѓорче се спасија со гол од пенал во последните секунди од средбата, а домашните сами си се виновни за тоа што не успеаја да победат.

Од друга страна “лавовите“ со овој бод и натаму остануваат во трката за излез во Европа преку првенството. На две кола до крајот сега А. Пандев има 61 бод, Шкендија 59 и Македонија ЃП 57. Само две од овие три екипи ќе играат во квалификациите во Лигата на Конференции.

Да потсетиме дека Македонија ЃП може и преку Купот да се избори за европско лето.

ТАБЕЛА

Шкупи 72, А. Пандев 61, Шкендија 59, Македонија ЃП 57, Струга ТЛ 43, Ренова 42, Брегалница 42, Работнички 40, Скопје 32, Тиквеш 31, Борец 21, Пелистер 11 бодови…

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноНадал преку Кецмановиќ до 1/8 финалето во Мадрид
СледноТричко даде гол, но АЕК остана без финале на Купот (видео)