Карло Анчелоти и неговите момци ја продолжуваат одличната сезона. Откако и официјално станаа прваци во Ла Лига, синоќа обезбедија пласман во финалето на Лигата на шампиони, каде за противник ќе го имаат тимот на Ливерпул.
Против Манчестер Сити губеа до пред самиот крај, но приредија чудесен пресврт, а Карлос Анчелоти очекувано беше пресреќен.
„Елиминиравме тимови кои беа фаворити за освојувањето на ова натпреварување. Ни оди добро. Не е лесно да се објасни што се случи. Сите помислија дека Сити ќе оди понатаму, но еден мал детал се промени. Она што се случи е нестварно. Не можам доволно да им се заблагодарам на играчите за тоа што го прават. Атмосферата е чудесна“, изјави Анчелоти.
Тој откри мали детали околу подготовките за овој натпревар.
„Пред мечот на играчите им ги пуштив сите претходни пресврти оваа сезона, беа вкупно осум, а нам ни требаше уште еден. Им кажав да излезат на терен и да направат уште еден. Кога Сити поведе со 1-0 знаев дека нема да бидеме елиминирани. За ваква победа треба малку среќа“, истакна искусниот стратег.
Финалето во ЛШ се игра на 28. мај во Париз.










