Реал Мадрид во меч за кој долго време ќе се зборува го совлада Манчестер Сити со 3-1 и се пласираше во финалето на Лигата на шампиони.
„Кралевите“ беа на колена, но потоа се случи голем пресврт и гол за продолжение, а потоа финале со Ливерпул.
Серхио Агуеро го коментираше мечот во живо на ЕСПН, во свој коментар имаше и Лионел Меси.
„Престани да се шегуваш, ова не може да биде вистина“, порача Меси.
Агуеро ја прочита оваа порака и многумина насмеа.
Навивачите на Реал се во транс, исто и фудбалерите и Карло Анчелоти, кој едноставно не знае како да им се заблагодари на момците за одличната игра оваа сезона и за неверојатната атмосфера.
Финалето се игра во Париз на 28. мај.










