Синоќа Реал Мадрид го направи еден од најголемите пресврти во историајата на Лигата на Шампионите. Во реванш полуфиналниот дуел проти ПСЖ, „Кралевите“ беа на раб на елиминација, а потоа во последните две минути преку двата гола на Родриго најпрво изборија продолженија, а потоа Бензема со реализиран пенал донесе ново финале во ЛШ за најтрофејниот клуб на светот.
По мечот искусниот Тони Крос, сподели со јавноста детали од тие клучни моменти од мечот за кои смета дека беа крузијални за победата.
„Анчелоти не праша нас постарите играчи кого да уфрли во игра во продолженијата. Тоа само покажува каков тренер е, и зошто толку добро ја води оваа екипа. Анчелоти го промени системот и составот од првиот дуел. Игравме со два последни играчи за врска како би го намалиле просторот во средината на теренот и тоа ни успеа“ – изјави Крос.