ЛЕ: Ајнтрахт по 42, Ренџерс по 14 години изборија европско финале (ВИДЕО)

207

Германски Ајнтрахт (Ф) по пауза од 42 години повторно ќе има шанса да освои едно европско клупско натпреварување. Тимот кој во 1980 година го освои тогашниот Куп на УЕФА, оваа година на 25 мај во Севиља ќе се бори за трофејот од Лигата на Европа на УЕФА, откако вечерва и во вториот меч со англиски Вест Хем обезбеди победа, овој пат со минимални 1:0.

Германците потврдија дека се подобар тим од „чеканите“ и со голот на Боре во 26 минута си го запечатија местото во финалениот меч. Гостите беа доста нервозни, па мечот го завршија без „поцрвенетиот“ Кресвел, но и без исклучениот менаџер Дејвид Мојес.

Вториот патник во финалето во Севиља е екипата на Глазгов Ренџерс, која во едно фантастично реванш-полуфинале на домашен терен ја анулираше предноста на РБ Лајпциг од првиот меч и со триумф од 3:1 стигна до место во големото финале и шанса да се поправат за поразот во финалето во истото ова натпреварување во 2008 година.

УЕФА Лига Европа – полуфинале

Ајнтрахт Франкфурт – Вест Хем 1:0 (2:1)

Ренџерс – Лајпциг        3:1 (0:1)

ПретходноФеенорд и Рома ќе играат во првото финале на Конференциската лига на УЕФА (ВИДЕО)
СледноРусите ќе прават своја Лига на Шампиони, во неа ќе играат и Ц. Звезда и Партизан!?