Борусија (Д) му нуди 4,5 милиони евра по сезона на Дибала

182

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала добил примамлива понуда од еден од водечките тимови во германскиот шампионат. Според „Кориере дело Спорт“, преставници на Борусија Дортмунд му понудиле на Аргентинецот плата од околу 4,5 милиони евра годишно и постојано место во стартниот состав поради веројатното заминување на напаѓачот Ерлинг Халанд.

Претходно беше објавено дека Њукасл е подготвен да го направи Дибала најплатениот играч во историјата на клубот, а веќе се зборуваше и дека Интер успеал да направи „дил“ со агентот на Аргентинецот.

ПретходноКавани призна: Не требаше да останам во Манчестер Јунајтед
СледноГави потпишува нов договор и добива клаузула од милијарда евра