Гави потпишува нов договор и добива клаузула од милијарда евра

130

Тинејџерот на Барселона, и еден од најквалитетните млади фудбалери на светот, Гави, деновиве ќе потпише договор со клубот, со кој ќе се обврзе на долгорочна соработка, и која ќе го направи еден од клучните играчи на Ноу Камп во периодот кој следува.

Имено, Гави ќе потпиша повеќегодишен договор со речиси двојно поголема плата од сегашната која што изнесува шест милиони евра. Агентот на Гави, легендата на Каталонскиот клуб, Иван Де Ла Пења, изјави дека е задоволен од напредокот на преговорите и дека наскоро ќе се види и резултатот од истите.

Освен тоа, досегашната откупна клаузула од 60 милиони евра, ќе биде накачена на неверојатни една милијарда евра, што секако е невозможно да се постигне, туку е симболичен знак дека Гави уште долго ќе остане на Ноу Камп.

ПретходноБорусија (Д) му нуди 4,5 милиони евра по сезона на Дибала
СледноСекељи и се извини на Битола