Е.Пелистер заработи паризна казна од 60.000 денари за пропуст во организацијата на дебито дуелот со Вардар во минатото коло. Битолчани покрај тоа што го изгубија најважниот меч оваа сезона и пропуштија голема шанса за титула, сега ќе треба да платат 1.000 евра за истиот натпревар.
Во најновиот билтен на РФМ стои и суспензија за судиската двојка Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп од шест месеци. Двајцата беа делегирани на дуелот меѓу Е.Пелистер 2 и Тиквеш, кој заврши без победник (25-25).
По оваа средба парична казна од 20.000 денари заработи и ракометарот на Тиквеш, Никола Стефановиќ.