Сензација на АТП турнирот во Мадрид, во шпанската четврфинална битка. Имено Карлос Алкараз, „тениското чудо“, успеа да го совлада својот славен сонародник Рафа Надал со 2:1 во сетови и со тоа да си закаже полуфинале против Новак Ѓоковиќ.
Алкараз одигра фантастични два сета, првиот и третиот. Првиот го доби со 6:2 во гемови. На почетокот од вториот сет, младиот тенисер се повреди и мораше лекарската екипа да интервернира, тоа му го одзеде вниманието и затоа Рафа успеа речиси без борва да го добие тој сет со 6:1.
Следуваше решавачкиот трет сет, во кој Алкараз постојано беше во водство, за на крајот успеа да дојде до 6:3 во гемови и со тоа да стави точка на овој негов фантастичен настап.
Нема што, тенискиот свет има нов ас во името на Карлос Алкараз.
Утрешното полуфинале против Новак едвај го чекаме.