И веќе не е ништо ново. Убедливите победи станаа секојдневие за дебитантот во Првата лига, но и од скоро новиот Супер-лигаш. Алкалоид пружи уште една добра партија, овој пат на гостувањето кај Јехона, славеше со 21-46 во рамките на седмото коло во Првата лига.
Дуелот во Гостивар беше решен по само едно полувреме, гостите поведоа со 4-12, за кратко време позитивата беше двоцифрена (7-17). На одморот Алкалоид замина со водство од 11-22, кое до крајот без проблем само го зголемуваше.
Домашниот тим во вториот дел постигна десет гола, додека прими 24.
Костовски и Тодески постигнаа по осум гола кај победникот, еден помалку имаа Ѓоргиев и Кофиловски, Серафимов запиша пет. Кај домаќинот Бошковски имаше шест, Налетовски пет.