Барди и Леванте го победија Сосиедад, ќе го сочуваат ли местото во Ла Лига?

290

Екипата на Леванте освои многу значајни бодови во борбата за опстанок во Ла Лига. Вечерва на свој терен го совлада Сосиедад со 2:1 во 35. коло. Мирамон во 53. минута го доведе Леванте во предност, Даниел Силва во 66. изедначи.
Македонскиот интернационалец Енис Барди влезе во 63. минута, тој имаше две шанси за погодок. Најсериозната во 86. минута кога неговиот удар го блокираше еден противнички играч и заврши во корнер. Една минута подоцна судијата досуди пен по старт на десниот бек Диего Рико.
Гонзало Мелеро ја затресе мрежата на противникот од белата точка за конечни 2:1.
Сосиедад ги загуби шансите за ЛШ, но затоа е во игра за место во ЛЕ затоа што е на шестото место на табелата со 56 бода.
Леванте има 29 бода, а е три бода оддалечен од сигурната зона.
До крајот Леванте ќе игра со Реал Мадрид на „Бернабеу“, потоа со Алавес дома и на крајот со Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски во гости.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноКремонезе по 26 години се врати во Серија А!
СледноЏенова го нокаутира Јувентус голови во 87. и 95. минута! (видео)