Браво: Српски спортист донирал 500.000 евра за лечење на болно детенце!!!

662

И дефинитивно спортистите имаат широко срце, знаат како и кога да помогнат, посебно кога станува збор за лечење на болни деца.

Па така деновиве, барем според изјавата на мајката на малиот Вукан Стоиљковиќ од Србија, инаку детенце кое боледува од спинална мускулна артрофија, српски спортист уплатил неверојатни 500.000 евра.

Секоја чест. Тој сакаше да остане анонимен и нашето семејство ќе му ја исполни желбата. Навистина не шокираше со сумата која ја уплати за нашиот Вукан. Ја забрза цела акција, ни даде можност да контактираме со болницата и да закажиме термин. Сега брзаме да ја собереме цела сума која изнесува 950.000 евра. Не знам како да му се заблагодарам. Нема зборови за тоа што тој го направи за Вукан, тој е голем човек, со големо срце, но не да го кажам неговото име“ истакна мајката на болното детенце.

ПретходноНеверојатно: Кога Шкотите слават, стадионот и буквално се тресе! (ВИДЕО)
СледноМЗТ Скопје и Пелистер парично казнети за инцидентите на навивачите на дербито!