Е.Пелистер казнет со 60.000 денари за дербито со Вардар, двајца судии суспендирани на шест месеци

645

Е.Пелистер заработи паризна казна од 60.000 денари за пропуст во организацијата на дебито дуелот со Вардар во минатото коло. Битолчани покрај тоа што го изгубија најважниот меч оваа сезона и пропуштија голема шанса за титула, сега ќе треба да платат 1.000 евра за истиот натпревар.

Во најновиот билтен на РФМ стои и суспензија за судиската двојка Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп од шест месеци. Двајцата беа делегирани на дуелот меѓу Е.Пелистер 2 и Тиквеш, кој заврши без победник (25-25).

По оваа средба парична казна од 20.000 денари заработи и ракометарот на Тиквеш, Никола Стефановиќ.

ПретходноСензација во Мадрид: Алкараз го “скрши“ Надал и си закажа 1/2 финале со Новак!
СледноАнглиски репрезентативец кон судијата: Веројатно си е*ано платен! (ВИДЕО)