Екипата на Интер добро се испоти но ги освои бодовите против Емполи во првиот меч од 36. коло на Серија А. „Нероаѕурите“ иако играа дома губеа со 0:2 по првиот половина час, a потоа победија со 4:2.
Пинамонти ја затресе нивната мрежа, потоа Зурковски погоди но неговиот гол беше поништен поради офсајд. Но затоа во 30. минута Аслани зголеми на два разлика за Емполи.
Сепак, Интер успеа да изедначи до крајот на полувремето. Прво со автогол на Ромањоли изедначи, а три минути подоцна Лаутаро Мартинез донесе 2:2.
Во 64. минута Мартинез со својот втор гол на мечот донесе пресврт, а во финипот Алексис Санчез ја обезбеди конечна победа 4:2 и три бода за Интер во трката по „Скудетото“.
Со оваа победа Интер скокна на чело на табелата (со еден бод повеќе од Милан) и го префрли притисокот на Милан кој сега треба да ја победи Верона во гости за да се врати на чело.
FOto> Twitter/Inter