Кремонезе по 26 години се врати во Серија А!

802

Екипата на Кремонезе со победата над Пиза со 2:1 во гости го освои второто место на табелата во Серија А и со тоа избори пласман во најсилната италијанска лига – Серија А. Во директен дуел Кремонезе славеше со головите на Ди Кармине и со тоа го исфли од игра директниот конкурент.
Кремонезе се враќа во Серија А по пауза од 26 години. Последен пат во елитата настапи во сезоната 1995/96, а неколку сезони помина и во третата лига.
Под раководство на Фабио Пекија, некогашниот играч на Наполи, Јувентус, Сампдорија, Торино екипата успеа да направи сензација оваа сезона и да му се придружи на Лече во Серија А.
Пиза и Монца одат во полуфиналето на плеј-офот, а нивни противници ќе бидат двете најдобри екипи од Бреша, Асколи, Беневенто и Перуџа кои ќе играат во баражите.

ПретходноКиелини: На италијанскиот фудбал му се потребни промени
СледноБарди и Леванте го победија Сосиедад, ќе го сочуваат ли местото во Ла Лига?