МЗТ Скопје и Пелистер се парично казнети од страна на Комесарот за натпреварување на КФСМ, и тоа поради неспортското однесување и инциденти кои ги имаше на дербито во нашата елитна кошаркарска лига.
Па така домашниот клуб, инаку дербито се играше во „Јане Сандански“ во Скопје, е казнет со 18.000 денари а гостите од Битола со 8.000 денари.
Двата клуба се казнети со по 8.000 денари поради неспортско навивање на нивните фанови, а МЗТ Скопје дополнително е казнет со уште 10.000 денари поради палење на чадна бомба во публика. Така пишува во образложението.
Да споменеме дека кошаркарот на Пелистер, Никола Малешевиќ е казнет со 12.800 денари поради техничката грешка која ја заработи за приговор на судиите. Ова е негова четврта ваква техничка грешка сезонава.