Мурињо плачеше од среќа: Ова ќе биде посебно финале и за мене (ВИДЕО)

2090

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо се расплака по последниот судиски свиреж на синоќешниот дуел со Лестер, по кој „римската волчица“ обезбеди европско финале за првпат по пауза од 31 година.

„Зошто пролеав солзи? Затоа што го чувствувам она што го чувствуваат сите тука“, рече Мурињо по мечот.

„Знам што значи ова за сите луѓе, а мојата емоција беше за нив. Чувствувам среќа што сум во уште едно престижно финале. Тоа ме прави да се чувствувам посебно. Ние сме како семејство. Со текот на годините станувате помалку себични и повеќе татко. Дури и дедо за некои од нив. Среќен сум“, призна „Специјалниот“.

ПретходноЧиле се жали во ФИФА, бара да гo исфрлат Еквадор од СП во Катар
Следно„Фрустрираниот“ Мојс му се извини на детето кое го шутна со топка (ВИДЕО)