Рафаел Надал искрено го нарече неговиот сонародник Карлос Алкараз фаворит на нивниот претстоен натпревар во Мадрид. Тие ќе играат меѓу себе во четвртфиналето.
„Мислам дека не постои некаков вид на ривалство меѓу нас, бидејќи јас имам имам 36 години, а тој 18. Ако реално гледам на работите, мислам дека денес тој е подобар од мене, има добра динамика и ритам. На работите гледам реално, но тоа не значи дека не верувам во мојата победа. Едноставно, Карлос е во подобра физичка кондиција, а јас дојдов тука без натпревари. Тој е и помлад, па има повеќе енергија. На овој натпревар му пристапуваме во друга позиција, па единствено што можам да направам е да се подготвам за борба и да задржам позитивен став“, вели Надал пред денешното четврфинале.