Не им доаѓа памет: Арапите од Сити место да му дадат отказ на Пеп, тие ќе му ги доведат Халанд и Де Јонг!

1469

Навистина неверојатно. Ни шест сезони и потрошени милијарди и милијарди евра или петро – долари како сакате, не беа малку за да газдите на Манчестер Сити, пребогатите Арапи, им дојде памет.

По се она што Пеп го направи или не го направи на двомечот со Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите, кога секој барем малку што разбира фудбал знае дека само тој и никој друг е виновен за распадот на тимот во последните минути од мечот на “Бернабеу“, доаѓа неверојатна вест. Но изгледа дека газдите на Сити тоа не го сфаќаат или не сакаат да го сфатат.

Како поинаку може да се сфати веста од Островот дека тие ова лето ќе му ги доведат на Пеп еден Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Френки до Јонг од Барселона.

Неверојатно. Место да му дадат отказ и тоа под итно, тие ќе потрошат уште некои стотина милиони евра, ако не и милијарда ова лето, за да му ги исполнат желбите на Пеп Гвардиола. Овој човек навистина претерува, но во Сити си знаат што и како.

Треба некој да им каже дека со тој тренер тешко и никако не можат да ја освојат титулата во Лигата на Шампионите.

Со што ли само ги „купи“, навистина не е јасно.

Инаку тој со Сити има договор до јуни 2023 година.

ПретходноНовак го “згази“ Хуркач и се пласира во 1/2 финалето во Мадрид, таму се среќава со Надал или Алкараз!
СледноСтанува по малку досадно: Дури 15 години титулата не “мрда“ од Скопје и Тетово!