Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го продолжи договорот со лондонскиот клуб. Новиот договор ќе биде до крајот на сезоната 2024/2025, информираа на официјалниот сајт на „топчиите“.
По 34 одиграни кола од англиската Премиер лига, Арсенал е на четвртото место во поредокот. „Топчиите“ освоија 63 поени и си гарантираа пласман во европските натпреварувања за следната сезона.
„Возбуден сум, благодарен и многу, многу среќен денеска“, изјави Артета по потпишувањето на новата соработка со лондончани.
The journey continues ✊
✍️ Mikel Arteta
✍️ Jonas EidevallCongratulations on your new deals! 🔴
— Arsenal (@Arsenal) May 6, 2022