Иако неговиот тим ја има една од најдобрите сезони во последните години, се чини сепак дека Флорентино Перез не е најзадоволен, барем од финансиска гледна точка. А се знае дека тој секогаш на прво место ги става парите, па потоа се останато.
Па така без разлика дали Реал Мадрид ќе ја освои титулата во Лигата на Шампионите и тоа во финалето против Ливерпул, газда Флорентино уште сега има список на играчи кои ова лето веројатно ќе си заминат од „Сантијаго Бернабеу“.
Од тие што биле на “црната листа“ само Дани Себаљос успеа некако да се „извлече“.
Останатите како Марсело, Иско, Бејл, Јовиќ, Маријано Дијаз, Асенсио, Валјехо, Одриозола, Лунин се играчите на кои им завршуваат договорите или пак ќе мораат да си побараат друга средина, или пак ќе одат на позајмица.
Со ова Перез сака да направи место за сите оние мега – ѕвезди кои би требало да дојдат во летниот преоден рок, а секако дека се споменуваат Мбапе, Халанд, Погба и некои други.