Познати се имињата на селекторите на младите кошаркарски селекции

373

Ова лето ќе биде еднакво бурно како и останатите. Нашите млади репрезентации во машка и женска конкуренција ги чекаат нови предизвици, а истото се однесува и на раководството на КФСМ. Добро е познато дека ФИБА на Македонија и додели организација на две европски младински натпреварувања, едно во машка (ЕП Дивизијата „А“ У16) и едно во женска конкуренција (ЕП Б-дивизија У20).

На Европското првенство во Скопје до 16 години кое ќе се одржи во периодот од 12. до 20. август 2022 година, предводник на „црвено-жолтите“ ќе биде Андреј Лечиќ, стручен советник ќе му биде Марјан Србиновски, кој последниот тренерски ангажман во имаше во Гостивар. КФСМ одлучи да го постави како стручен советник во сите категории, но главниот акцент ќе биде ставен на селекцијата која ќе не претставува во Скопје. Нашите кадети ќе ги одмерат силите со Шпанија, Русија (сигурно ќе биде исфрлена) и Грција.

Тони Симиќ ќе биде предводник на генерацијата до 18 години, која ќе настапи на ЕП Б дивизија кое ќе се одржи во романскиот град Орадеа од 29 јули до 7 август. Противници на „црвено-жолтите“ ќе бидат Финска, Белгија, Шведска, Австрија и Кипар.

Во центарот на вниманието се и кошаркарите до 20 години, тие ќе играат на ЕП Б Дивизија во Грузија, а предводник ќе биде Никола Василев. Бо групата на Македонија се наоѓаат домаќинот, Шведска, Косово и Австрија.

Се очекува КФСМ наскоро и официјално да ги потврди истите.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Артета останува менаџер на Арсенал до 2025 година
СледноЗавршницата на Европската лига во Португалија