Египетската ѕвезда во дресот на Ливерпул Мохамед Салах, верува дека освојувањето четири трофеи оваа сезона е можна цел. Ливерпул се бори за титулата во Премиер лигата и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, каде на 28 мај на „Стад де Франс“ во Париз ќе се соочи со Реал Мадрид.
„Не е се во наши раце. Мораме да ги добиеме нашите натпревари до крајот на сезоната и да се надеваме дека Манчестер Сити ќе загуби бодови. Имаат прекрасен тим и одличен тренер. Сега, сепак, мислите ми се насочени кон финалето на Лигата на шампионите, како и на остатокот од тимот. Треба да бидеме целосно фокусирани и да се реваншираме за поразот во 2018 година“, изјави Салах.