Репрезентацијата на Камерун најголемиот успех го постигна на Светското првенство во Италија 1990 година кога предводени од Роже Мила стигнаа до четвртфинале. А таму испаднаа после продолженијата од Англија (2:3).
Камерун учествуваше и на СП 2006, 2010 и 2014 но без поголем успех. На СП во Катар ќе игра во група со Србија, Бразил и Швајцарија.
„Не гледам зошто не би триумфирале. Верувам дека за освојување на СП не се потребни чудовишта или вонземјани, туку добри подготовки, јак менталитет и помалку лудило. Освоив многу трофеи во кариерата, а дадов се од себе за да го остварам тоа. Секогаш го кажувам Интер за пример. Никој на почетокот на сезоната 2009/10 не веруваше дека Интер може до пехарот во ЛШ, но Жозе Мурињо успеа добро да ги спреми момци и да го направи токму тоа. Би сакал да видам такво нешто и од камерунската репрезентација“, изјави Ето.