Струмица преговара со странците, но ќе бара и нови засилувања

192

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица само неколку дена по освојувањето на новата двојна круна почна да размислува за новата сезона. Шампионот кој е со големи амбиции по формирањето и на новата управа на клубот, веќе најави дека приоритет за нив следната сезона ќе биде европската промоција.

За таа цел, раководството на клубот најавува нови адекватни засилувања, со кои ќе се преговара во текот на летото.

„Засега планираме во најголем дел да го задржиме овој играчки кадар, но секако и да го засилиме. Од странските засилувања Злобин и Бен Талеб мислам дека ќе останат со нас и следната сезона. Прашање е дали Бразилецот Меирелеш ќе остане, но и со него допрва треба да седнеме и да разговараме. Ако си замине, ќе мора да бараме нов квалитетен среден блокер“, вели претседателот на тимот, Владо Милев.

Струмичани веќе најавија дека следната сезона акцент сакаат да стават и на настап во најсилните европски купови во обид да ја вратат македонската клупска одбојка на европската карта.

ПретходноТренерот на Леванте: Ова е Барди кој го знаеме, тој ќе биде клучен за опстанокот
СледноПроблем за одбојкарите: Љафтов е повреден, не може да помогне за Европската сребрена лига