Телеграф: Позната судбината на Роналдо на Олд Трафорд

264

Денешното издание на англискиот Телеграф, носи ексклузивни информации околу тоа дали Кристијано Роналдо и натаму ќе остане дел од тимот на Манчестер Јунајтед откако на чело на тимот ќе застане новиот менаџер Ерик Тен Хаг.

Медиумот пренесува дека многумина од сегашните играчи на Јунајтед стравуваат за својата судбина, односно дали се или не во плановите на Тен Хаг, но за тоа не треба да се грижи Кристијано Роналдо.

Според Телеграф, новиот менаџер смета дека е лудост да се тргне Роналдо од тимот по една ваква одиграна сезона, и по лидерските способности кој тој ги има докажано многупати во досегашната негова кариера.

Роналдо во моментов има 37. години но и покрај тоа сезонава успеа да постигне 24 гола, и да додаде три асистенции.

ПретходноПознати сатниците: Македонија на ЕП во ракомет во групата во Скопје ќе игра само од 18 часот!
СледноНовак го “згази“ Хуркач и се пласира во 1/2 финалето во Мадрид, таму се среќава со Надал или Алкараз!