Чиле се жали во ФИФА, бара да гo исфрлат Еквадор од СП во Катар

214

Репрезентацијата на Еквадор може да биде исклучена од листата на учесници на СП во Катар оваа година, откако Чилеанската фудбалска федерација поднела жалба до ФИФА поради еден од играчите на Еквадор, за кој тврдат дека немал право да игра.

Се работи за Бајрон Кастиљо. Чиле тврди дека тој го фалсификувал изводот на родените, во кој стои дека е роден во Генерал Виамил Плавас, Еквадор на 10 ноември 1998 година, но всушност е роден на 25 јули 1995 година во Тумако, Колумбија.

Чиле бара ФИФА да му одземе 8 бода на Еквадор, поточни сите освоени бода од натпреварите на кои играл Кастиљо. Така, Чиле ќе се пробие до 4. место во конечниот поредок и може да оди на СП 2022.

ПретходноРусите ќе прават своја Лига на Шампиони, во неа ќе играат и Ц. Звезда и Партизан!?
СледноМурињо плачеше од среќа: Ова ќе биде посебно финале и за мене (ВИДЕО)