Ѓорѓев со два гола во победата на Шафхаузен

149

Македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев постигна два гола во победата на Шафхаузен над Криенс од 4:1 во 33. коло на швајцарската Челенџ лига (Втора лига). По оваа убедлива победа на Шафхаузен е прв на табелатата со 59 бода исто колку и вториот Арау со тоа што „жолто-црните“ имаат подобра гол разлика (66:45, а ривалот 60:44).
Ќе биде интересно во ова првенство затоа што само првиот оди директно во најсилната швајцарска лига, а вториот ќе игра бараж. До крајот има уште три кола.
Ѓорѓев во зимскиот преоден рок премина од Грасхоперс во Шафхаузен како позајмен играч и досега даде три гола.

ПретходноАлкалоид не го менува стилот, со плус 25 во Гостивар
СледноСамуел Ето: Камерун може да стане светски шампион