Воша: Ова е клучниот меч за нас сезонава

691

Тимот на Македонија ЃП како ретко која екипа во домашниот шампионат до крај ќе има сериозна задача сезонава. Ајде што „Лавовите“ се во финалето од домашниот куп, и играат меч против Силекс на 20 мај, дотогаш имаат задача во домашниот шампионат пак да обезбедат што е можно повисоко место, и преку него евентуално да излезат во Европа.

По ремито против Шкупи во средата (1:1), сега МЃП на домашен терен ја пречекува Струга Трим Љум. Дуел во кој победата е императив, за да потоа се чека кикс на Шкендија и преземање на третото место на табелата.

„Секако дека планираме да победиме. А што друго ни преостанува? Дојдовме во ситуација да се бориме за Европа, покажавме и тоа како сезонава дека сме квалитет за такво нешто, а за тоа говорат и позицијата на табелата, но и пласманот во куп финалето. Струга е квалитетен противник, но се за нас освен победа ќе биде голем, огромен неуспех. Ова е клучниот меч за нас сезонава“ – изјави Арби Воша за Спортмедиа.

Тој сезонава има седум погодоци во домашниот шампионат.

 

ПретходноНадал за Алкараз: Во моментов, признавам, тој е подобар од мене
СледноКавани призна: Не требаше да останам во Манчестер Јунајтед