Македонскиот ракометен тренер Иван Марковски заминува на Далечниот Исток и тоа како тренер на женскиот тим на Шандонг, а до крајот на годината ќе биде и селектор на женската сениорска репрезентација на Кина.
Договорот е потпишан на 3,5 години и главната цел на Марковски ќе биде да го пренесе знаењето и да го подигне нивото на женскиот ракомет во Кина.