Клатенбург со предлог: Фудбалските мечеви да траат 60 минути со ефективна игра

184

Поранешниот судиски интернационалец, Англичанецот Марк Клатенбург сугерира дека во иднина фудбалските натпревари треба да траат само 60 минути, а времето да се игра со ефективна игра на теренот. Тоа значи секое излегување на топката од полето за игра и по секој прекршок времето да се стопира како во кошарката.

На Марк Клатенбург му здодеа да седи во фудбалска пензија, па со својот нов предлог се обидува да го оживее фудбалот. Предлогот доаѓа по полуфиналето на Лигата на шампионите, каде Реал Мадрид се обиде да троши време во дополнителното време од 30 минути, а потоа и успеаја да го елиминираат Манчестер Сити.

„Губењето време е голем проблем во фудбалот, за кој не се зборува доволно. Поразот на Манчестер Сити во Лигата на шампионите од Реал Мадрид е доволен показател за тоа“, изјави Марк Клатенбург.

Клатенбург вели дека и ФИФА и Меѓународната асоцијација на судии веќе разгледуваат можности за промени на некои правила.

ПретходноКапитенот на рускиот шампион Зенит се сели во Црвена звезда?
СледноСалах: Мислам само на Реал, ќе им вратиме за 2018-тата