МЗТ Скопје и Пелистер парично казнети за инцидентите на навивачите на дербито!

231

МЗТ Скопје и Пелистер се парично казнети од страна на Комесарот за натпреварување на КФСМ, и тоа поради неспортското однесување и инциденти кои ги имаше на дербито во нашата елитна кошаркарска лига.

Па така домашниот клуб, инаку дербито се играше во „Јане Сандански“ во Скопје, е казнет со 18.000 денари а гостите од Битола со 8.000 денари.

Двата клуба се казнети со по 8.000 денари поради неспортско навивање на нивните фанови, а МЗТ Скопје дополнително е казнет со уште 10.000 денари поради палење на чадна бомба во публика. Така пишува во образложението.

Да споменеме дека кошаркарот на Пелистер, Никола Малешевиќ е казнет со 12.800 денари поради техничката грешка која ја заработи за приговор на судиите. Ова е негова четврта ваква техничка грешка сезонава.

ПретходноБраво: Српски спортист донирал 500.000 евра за лечење на болно детенце!!!
СледноСензација во Мадрид: Алкараз го “скрши“ Надал и си закажа 1/2 финале со Новак!