Новак го “згази“ Хуркач и се пласира во 1/2 финалето во Мадрид, таму се среќава со Надал или Алкараз!

106

Новак Ѓоковиќ без проблеми успеа со 2:0 во сетови, во меч од 1/4 финалето на АТП во Мадрид, да го победи Хуберт Хуркач од Полска и да се пласира во следната фаза на овој силен турнир.

Србинот таму ќе го чека дуел со еден шпански тенисер, попладнево ќе се знае дали тоа ќе биде Надал или Алкараз, кои допрва ќе ги одмерат силите во нивниот 1/4 финален меч.

Новак со Хуркач во текот на целиот меч ја диктираше играта, првиот сет го доби со 6:3 во гемови, а вториот со 6:4.

ПретходноТелеграф: Позната судбината на Роналдо на Олд Трафорд
СледноНе им доаѓа памет: Арапите од Сити место да му дадат отказ на Пеп, тие ќе му ги доведат Халанд и Де Јонг!