Еден од најдобрите поентери во макеоднската одбојкарска репрезентација Александар Љафтов отпаѓа од комбинација за настап на престојното издание на Европската сребрена лига во одбојка. Нашиот интернационалец кој оваа сезона дебитираше во италијанската елитна одбојкарска конкуренција, поради повреда на рамото мора да паузира најмалку еден месец.
„Не е сериозна повреда, но бара мирување. Ќе мора да ги пропуштам настапите во Европската сребрена лига оваа сезона, па се надевам дека за околу еден месец ќе можам да им се приклучам на соиграчите во остатокот од подготовките и тренинзите“, ни потврди Љафтов, кој не е со нашата репрезентација на подготовките во Маврово под водство на новиот селектор Павличевиќ.
Нашите одбојкари настапите во Европската сребрена лига 2022 ги почниваат на 25 мај со натпревар на домашен терен против Босна и Херцеговина.