Македонската репрезентација до 21. година треба да одигра уште два меча од тековната квалификациска кампања. Против Ерменија на домашен терен на 2. јуни, и оној последниот против Украина кој ни создаде реално многу главоболки. Пред се од организациски карактер, а се знае и зошто. Воениот конфликт кој трае во оваа земја претставува огромна пречка, но ете Украина одлучи да ја доигра оваа кампања.
Првично мечот кој инаку е закажан за 5 јуни требаше да се игра во Молдавија, но ситуацијата се менува од ден во ден. И таму не е баш нај безбедно во моментов да се патува, па домаќинот во корелација со УЕФА ја промени дестинацијата. Сега трите страни (Украина, Македонија и УЕФА) одлучија мечот да се игра во Турција поточно во Истанубул.
Поднесено е барањето до фудбалската федерација на Турција, а од таму сеуште не можат да потврдат на кој стадион точно ќе се одигра мечот. Оваа информација дополнително ќе биде објавена.