Станува по малку досадно: Дури 15 години титулата не “мрда“ од Скопје и Тетово!

1968

Во историјата на ПМФЛ во самостојна Македонија, тековната сезона е 30-та по ред, само четири градови може да се пофалат дека имале фудбалски шампиони. Тоа се Скопје (Вардар -11, Работнички – 4, Шкупи или Слога Ј-4, Македонија ЃП – 1), потоа Тетово (Шкендија – 4, Ренова – 1), Прилеп (Победа – 2) и Кратово (Силекс – 3).

Значи Битола, Штип, Струмица, Куманово, Кавадарци и останатите наши фудбалски центри се уште сонуваат за пехарот во ПМФЛ.

Ова како повод на 30-тиот шампион на Македонија, а тоа е тимот на Шкупи, тим од Скопје како што и самото име кажува. Претходно беше Шкендија од Тетово, па така ако се навратиме малку низ историјата ќе видиме дека последен шампион кој не бил од Скопје или Тетово, била Победа од Прилеп во таа 2006/07 сезона, кога ако се сеќавате просто му го „украде“ пехарот на Работнички во последните две – три кола. Кога сме кај таа сезона, просто неверојатен е податокот дека Вардар токму во таа сезона, и тоа против Победа, за последен пат играше во финалето во Купот на Македонија.

И од таа 2006/07 минаа точно 15 сезони и пехарите ги освојуваа само екипи од Скопје и Тетово, а резултатот е 10-5 за главниот град. Подолу имате по сезона кој се бил првак на Македонија во изминатите 15 сезони.

Да се надеваме дека во блиска иднина и некој тим од друг град ќе се вклучи во битката за титулата, па и ќе ја освои, а да не биде од Скопје и Тетово, зошто ова по малку е и досадно.

ШАМПИОНИТЕ ОД 2007 ПА НАВАМУ

2006/07: ПОБЕДА (ПРИЛЕП)

…………………………….

2007/08: РАБОТНИЧКИ (СКОПЈЕ)

2008/09: МАКЕДОНИЈА ЃП (СКОПЈЕ)

2009/10: РЕНОВА (ТЕТОВО)

2010/11: ШКЕНДИЈА (ТЕТОВО)

2011/12: ВАРДАР (СКОПЈЕ)

2012/13: ВАРДАР (СКОПЈЕ)

2013/14: РАБОТНИЧКИ (СКОПЈЕ)

2014/15: ВАРДАР (СКОПЈЕ)

2015/16: ВАРДАР (СКОПЈЕ)

2016/17: ВАРДАР (СКОПЈЕ)

2017/18: ШКЕНДИЈА (ТЕТОВО)

2018/19: ШКЕНДИЈА (ТЕТОВО)

2019/20: ВАРДАР (СКОПЈЕ)

2020/21: ШКЕНДИЈА (ТЕТОВО)

2021/22: ШКУПИ (СКОПЈЕ)

ВКУПНО: СКОПЈЕ 10, ТЕТОВО 5 ТИТУЛИ

ПретходноНе им доаѓа памет: Арапите од Сити место да му дадат отказ на Пеп, тие ќе му ги доведат Халанд и Де Јонг!
СледноНеверојатно: Кога Шкотите слават, стадионот и буквално се тресе! (ВИДЕО)