Џенова го нокаутира Јувентус голови во 87. и 95. минута! (видео)

622

Екипата на Џенова го совлада Јувентус со 2:1 во 36. коло на Серија А нанесувајќи и го на „Старата дама“ седмиот пораз сезонава. Торинскиот клуб беше пред победа, но ја испушти во последните минути. Водеа со голот на Пауло Дибала во 48. минута и ја држеа предноста се до 87. минута.
Гудмундсон на асистенција на Амири го изедначи резултатот, а во петтата минута од судиското продолжение добија пенал кој го реализираше Доменико Кришито.
Со оваа победа Џенова освои многу важни бодови во борбата за опстанок. Моментално е на 18. место со 28 бода, а екипата на Салернитана која е во сигурната зона има бод повеќе.
До крајот Џенова ќе игра уште со Наполи на „Сан Паоло“ и со Болоња на свој терен.

ПретходноБарди и Леванте го победија Сосиедад, ќе го сочуваат ли местото во Ла Лига?
СледноАлегри по поразот: Повеќе сум бесен, но и разочаран!