Е.Пелистер се изнамачи за бодовите во Охрид

99

Е.Пелистер им се врати на победите по болниот пораз од Вардар 1961 во минатото коло со кој сами се отпишаа од титулата. Битолчани во Охрид го освоија целиот плен, но се намачија (21-24).

И на оваа средба Жељко Бабиќ на располагање ги немаше посакуваните сили, покрај Периќ, ги немаше ниту Обрадовиќ и Табоада.

Охриѓани го имаа главниот збор на почетокот на мечот, поведоа со 6-2, а потоа и со 7-3. По оваа негатива, Е.Пелистер со серија од 4-0 поведе за првпат на дуелот со 7-8. На полувремето беше 11-12.

Охрид не им дозволи на гостите лесно да го наметнат своето темпо, до половина од второто полувреме бепе 15-15, битолчани пред крајот дојдоа на плус четири 19-23 за победа.

Мандалиниќ со девет гола беше најефикасен кај Е.Пелистер, еден погодок помалку имаше Граџан, додека на другата страна Николов имаше девет гола.

ПретходноТенис од друга планета: Фантастичниот Алкараз по Надал, сега го „спакува“ и Новак!
СледноТрајковски го постигна вториот гол во дресот на Ал Феиха (видео)